АВТОПАТОТ ДО СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ЗА ПОСЕТАТА НА ПАПАТА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ОД 7.30 ДО 9 и од 17 до 18.30 ЧАСОТ

    АВТОПАТОТ ДО СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ЗА ПОСЕТАТА НА ПАПАТА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ОД 7.30 ДО 9 и од 17 до 18.30 ЧАСОТПатниците што имаат лет преку скопскиот аeродром се советуваат во вторник да тргнат еден час порано. Папата ќе слета од Софија околу 8.30 часот. (Архивска фотографија)

    Сообраќајот од и кон Меѓународниот аеродромот Скопје на 7 мај за време на посетата на папата Фрањо ќе биде прекинат во периодот од 7.30 до 9 часот и од 17 до 18.30 часот.

    Според информациите на Координативното тело за организирање на посетата на папата, во овие интервали сообраќајот до и од аеродромот ќе биде пренасочен по споредни патни правци. Организаторите апелираат сите што тој ден ќе ги патуваат со авион да тргнат најмалку еден час порано, бидејќи движењето по споредните патишта ќе трае подолого.

    Сите информации поврзани со посетата на папата се достапни на веб страницата papa.mk.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари