АЗИЛАНТОТ ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРИМА ПРАТЕНИЧКА ПЛАТА, СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ

    АЗИЛАНТОТ ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРИМА ПРАТЕНИЧКА ПЛАТА, СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИПретседателот на Собранието Талат Џафери гласаше воздржано за законските со кои му се ускратува правото на плата на пратеникот Никола Груевски, сега азилант во Унгарија. - Џафери и Груевски на седницата кога се гласаше Законот за употреба на јазиците (Фото: СДК.МК)

    Со измените на Законот за пратеници пратениците кои ќе бидат правосилно осудени на казна затвор од шест месеци ќе го изгубат правото да добиваат пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци и други бенефиции. Таков во моментов е само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Со 53 гласа ’за‘ и 2 ’воздржани‘ пратениците ги донесоа измените на Законот за пратеници со кој пратениците кои ќе бидат осудени на казна затвор од 6 месеци ќе ја изгубат пратеничката плати и сите бенефиции.

    Воздржано гласаа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова гласаше за измените, со кои осудениот експремиер Никола Груевски кој избега и доби азил во Унгарија нема да добива плата од Собранието.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски рече дека е противуставно да му се одземе платата на Никола Груевски.

    „Пратеник има право на надомест утврден со Закон и со Устав. Или си пратеник и имаш право, или дајте прво да го промениме Уставот. Не можеме да се повикуваме на Закон за работни односи. Ако сметаме дека некој пратеник не смее да зема плата, има како да се реши. Тука е Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Постои процедура. Го кршите флагрантно Уставот и око не ви трепнува“, рече Илиоски.

    Пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска-Ванчева, која е еден од поднесителите на измените, рече дека измените се со цел сите пратеници да бидат еднакви, и да не се повтори случајот со азилантот Никола Грувески.

    Никола Груевски е правосилно осуден на две години затвор во случајот „Тенк“.

    Груевски избега од Македонија во Унгарија во ноември и доби азил.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира