БАЧЕВ ИМ ГО НУДИ НА ВМРОВЦИТЕ НЕГОВИОТ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА

    БАЧЕВ ИМ ГО НУДИ НА ВМРОВЦИТЕ НЕГОВИОТ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈАЛидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени. (Фото: принтскрин од видео на Радио Слободна Европа)

    Партијата на Јанко Бачев Единствена Македонија денеска на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ достави предлог-закон за амнестија, откако на вчерашниот протестен марш во Струмица, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара амнестија за осудените и обвинетите за нападот во Собранието на 27 април.

    Предлог-законот во Собранието го достави Драган Угриновски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија. Тој кажа дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја започнат законодавната постапка во Собранието, бидејќи, како што рече, Деловникот тоа му го дозволува на секој пратеник.

    Во неделата во Струмица, Мицкоски рече дека е „потребна амнестија за луѓето од 27 април“, аргументирајќи дека „нема напред ако живееме во минатото“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира