БАЈДЕН ВЕТИ ДЕКА САД ЌЕ ДОНИРААТ НАД МИЛИЈАРДА КОВИД ВАКЦИНИ

    БАЈДЕН ВЕТИ ДЕКА САД ЌЕ ДОНИРААТ НАД МИЛИЈАРДА КОВИД ВАКЦИНИБајден смета дека до септември 2022 може да се постигне целта за вакцинирање на 70% од светското население (Фото: АП)

    Џо Бајден објави дека САД ќе донираат над една милијарда ковид вакцини на „Фајзер“, со намера следната година да се постигне целта за имунизирање на 70% од светското население. Ова е двојно повеќе од количеството што САД претходно најавија дека ќе го донираат.

    „Америка е посветена да биде столб на глобалното вакцинирање“, изјави Бајден во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации.

    САД досега дистрибуираа над 160 милиони дози во повеќе од 100 држави, а оваа бројка треба да се зголеми на 1,1 милијарда следната година.

    Белата куќа соопшти дека Бајден ќе го искористи самитот во ОН за да ги притисне останатите светски лидери да придонесат повеќе за амбицијата да се вакцинираат 70% од светското население, односно 70% од населението во секоја држава, до следниот состанок на ОН во септември 2022.

    Од почетокот на вакцинирањето, низ светот се аплицирани 5,9 милијарди ковид вакцини, со што се покриваат само 43% од светското население. Сепак, разликите помеѓу државите се огромни, па во некои сиромашни земји стапката на вакцинацијата изнесува само 2-3%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира