БАНАЛНИ СЕ ВЕЌЕ ПРАШАЊАТА ЗА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    БАНАЛНИ СЕ ВЕЌЕ ПРАШАЊАТА ЗА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ЗАЕВИзвештајот од германските експерти за пожарот во Тетово ќе биде доставен во некој рок од 10 до 15 дена, кажа Заев. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека веќе е банално да се прашува за морална одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември, и доби аплауз од присутните пензионери на одбележување на 75-годишнината од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Трубарево.

    Заев беше прашан за морална одговорност, откако минатата недела изјави дека нема намера да поднесе оставка од морални причини за да не стане премиер лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    „СДСМ е демократска политичка партија. Имаме квалитетни кадри кои можат секого да го заменат, па и Зоран Заев затоа што секој е заменлив. Сигурно и вие приметивме дека ова стана банално веќе целото, сите овие денови. Моралната одговорност е испорачана од страна на директорот, економскиот директор, заменик министерот и од министерот. Кажав на почетокот и ќе повторам, истрагата да заврши, да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, кажа Заев.

    Тој кажа и дека извештајот од германските експерти за пожарот во Тетово ќе биде доставен во некој рок од 10 до 15 дена, а очекува и домашните извештаи многу брзо да бидат готови, по што тој ќе донел одлука за понудените оставки на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира