БАНКИТЕ ЌЕ ГИ ИЗГАСАТ СВЕТЛЕЧКИТЕ РЕКЛАМИ ЗА ДА ШТЕДАТ СТРУЈА

    БАНКИТЕ ЌЕ ГИ ИЗГАСАТ СВЕТЛЕЧКИТЕ РЕКЛАМИ ЗА ДА ШТЕДАТ СТРУЈАБанките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена. (Фото: СДК.МК)

    Сите експозитури и централни објекти на банките во земјава ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена за да се штеди струја, одлучи Македонската банкарска асоцијација (МБА). Потегот следи откако вчера Владата прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 дена.

    „Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите. Со колективни едукативни акции од овој вид можеме долгорочно позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени“, велат од МБА.

    Mинистерот за економија Крешник Бектеши вчера рече дека рече дека одлуката на Владата е донесена врз основа на процената на комисијата дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија, врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

    Бектеши кажа дека нема да има рестриктивни мерки кои би влијаеле на секојдневниот живот на граѓаните, како и дека одлуката e донесена со цел да се вбризгаат средства во енергетските компании за да се зголеми нивната ликвидност. Станува збор за речиси 65 милиони евра, кои ќе бидат префрлени од државниот буџет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира