БАРАМЕ ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ИЛИ ВРЕМЕНСКА ОДРЕДНИЦА КАКО ШТО ПРЕДЛАГА НИМИЦ, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ЦИПРАС

    БАРАМЕ ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ИЛИ ВРЕМЕНСКА ОДРЕДНИЦА КАКО ШТО ПРЕДЛАГА НИМИЦ, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ЦИПРАСПремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас пред средбата во Софија на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, по која Заев кажа дека е најдено решение прифатливо за двете страни. (Фото: СДК.МК)

    Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека за Грција е прифатливо име со географска или временска одредница, какви што се предлозите на посредникот Метју Нимиц, индиректно отфрлајќи го предлогот на Македонија „Република Илинденска Македонија”, објави државната агенција МИА.

    „Го поздравуваме прифаќањето од ПЈРМ дека решението на името не може да постои без усвојување на ерга омнес име, односно за севкупна употреба. Сепак, ги охрабруваме нашите соседи да продолжиме заедно да работиме на изнаоѓање на заемно прифатливо решение со географска или временска одредница токму како што предвидува пакетот предлози што ги достави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц”, го пренесува соопштението МИА.

    По денешната лидерска средба во Скопје, премиерот Зоран Заев кажа дека стои зад предлогот „Република Илинденска Македонија” за севкупна употреба.

    Предлозите на Нимиц се: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира