БЕБЕ Е МЕЃУ 13 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 1.732 ЗАРАЗЕНИ, ОД КОИ 204 ПО ВТОРПАТ

    БЕБЕ Е МЕЃУ 13 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 1.732 ЗАРАЗЕНИ, ОД КОИ 204 ПО ВТОРПАТАктивни се 15.228 болни. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 13 починати од коронавирус, меѓу кои и бебе, и уште 1.732 заразени од 6.928 тестови, или 25 отсто од тестираните, се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.

    Шестмесечнoто бебе во регистарот Мој термин е заведено дека починало на 3 јануари. Според Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Министерството соопшти дека доенчето е примено на Клиниката за неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Заради постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 3 јануари доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземале сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа бебето почина.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

    Новорегистрираните се во Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1 .

    Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од: Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка – по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2, Демир Капија и Пехчево – по 1.

    Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 241.651,од кои оздравена 218.340,починаа 8.083, а активни се 15.228 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 108346, Активни 8333
    Куманово 13670, Активни 490
    Прилеп 11723, Активни 839
    Тетово 11653, Активни 206
    Битола 10870, Активни 1423
    Гостивар 8280, Активни 183
    Кавадарци 7913, Активни 407
    Велес 7809, Активни 270
    Охрид 7345, Активни 535
    Штип 7051, Активни 259
    Струмица 6583, Активни 267
    Кичево 4538, Активни 202
    Кочани 4276, Активни 152
    Струга 4079, Активни 131
    Гевгелија 3222, Активни 249
    Неготино 2797, Активни 133
    Свети Николе 2227, Активни 66
    Крива Паланка 2050, Активни 81
    Ресен 2049, Активни 151
    Радовиш 1979, Активни 151
    Делчево 1565, Активни 86
    Берово 1528, Активни 45
    Дебар 1474, Активни 15
    Виница 1210, Активни 31
    Пробиштип 1199, Активни 49
    Валандово 1182, Активни 133
    Кратово 808, Активни 19
    Богданци 749, Активни 56
    Крушево 741, Активни 130
    Демир Хисар 693, Активни 46
    Македонски Брод 579, Активни 32
    Демир Капија 451, Активни 15
    Македонска Каменица 446, Активни 18
    Пехчево 376, Активни 16
    Дојран 190, Активни 9

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира