БЕГАЛЦИ ЈА ТУЖАТ МАКЕДОНИЈА ВО СУДОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СТРАЗБУР

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Стразбур,(Мета)

    БЕГАЛЦИ ЈА ТУЖАТ МАКЕДОНИЈА ВО СУДОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СТРАЗБУР

    Осуммина бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан поднесоа тужба против Македонија во Европскиот суд за човекови права. Поддржани од две германски невладини организации, Европски центар за уставни и човекови права (ECCHR) и адвокатската организација „Про асил“ (Pro Asyl), бегалците ја тужат Македонија за прекршување на човековите права и за насилно однесување кон нив, по случајот кога околу 1.500 бегалци во март колективно преминаа од Грција кон Македонија кај селото Моин.

    Според соопштението на Европскиот центар за уставни и човекови права, бегалците тврдат дека македонските власти се однесувале насилно кога ги вратиле бегалците од Македонија кон Грција и со тоа македонските власти ја прекршиле Европската конвенција на човекови права.

    Бегалците биле дел од групата која на 14 март колективно го напушти бегалскиот камп кај Идомени и премина кон селото Моин. Според Европскиот центар за уставни и човекови права и тврдењата на бегалците, македонската војска ги уапсила и насилно ги принудила да се вратат во Грција преку дупки во оградата на македонско-грчката грница.

    „Тужителите немале можности да побараат азил или, пак, да поведат каква било правна постапка против нивната депортација од БЈРМ“, се вели во соопштението на организацијата, која им нуди правна помош на бегалците во случајот.

    За потсетување, илјадници бегалци на 14 март годинава, поттикнати од леток што се делеше во кампот Идомени со мапа за тоа како може да се премине во Македонија, го напуштија кампот и преку Сува Река преминаа во селото Моин. Според информациите во Грција, немаше официјално македонско барање за враќање на нелегално преминатите бегалци назад на грчка територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира