БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ И БАРАЊЕТО АЗИЛ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОЛИТИЗИРА, ВЕЛИ ЕУ

    БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ И БАРАЊЕТО АЗИЛ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОЛИТИЗИРА, ВЕЛИ ЕУ„Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира“, изјави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич на прашањето дали ако Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува

    Европската унија смета дека бегството на осудениот пратеник и експемиер Никола Груевски кој бара политички азил во Унгарија е судска постапка која не смее да се политизира.

    „Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира“, изјави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич за ПРЕСИНГТВ.МК на прашањето дали ако Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува.

    Европската унија досега немаше реакција за бегството на Груевски.

    Груевски се јави од Будимпешта на 13 ноември и кажа дека бара азил од унгарските власти. Ден претходно, македонската полиција го бараше дома, кај мајка му и во гаражата кај партиското седиште во центарот на Скопје. Тој на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра. Според официјалната потврда од албанската и црногорската полиција, тој на 11 ноември со унгарско дипломатско возило преку Албанија влегол во Црна Гора, а од таму истиот ден во Србија од каде продолжил за Будимпешта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира