БЕЈЛИ: МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО НАСЛОВИТЕ ОД ВЕСТИТЕ, ТУКУ И ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕЈЛИ: МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО НАСЛОВИТЕ ОД ВЕСТИТЕ, ТУКУ И ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ

    „Македонија е многу повеќе од она што е во насловите од вестите. Македонија се луѓето, културното наследство и природните убавини од Шара до Дојран, од Охридското и Преспанското Езеро до Осоговските Планини. За да ја знаеме и запознаеме Македонија, мора да ги кренеме очите од дневните проблеми и да ја почитуваме убавината што не окружува. Благословен сум што можам тоа да го правам од овде, секој ден“, рече американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва на прославата на
    Денот на независноста на САД во Скопје.
    На најголемиот прием на годината, што се одржува во кругот на Американската амбасада на Кале, Бејли потсети дека САД работеле да ѝ помогнат на Македонија да напредува кон членство во НАТО и ЕУ, и дека тоа значело да се занимава со политичката криза во земјата, да се зајакне владеењето на правото и на демократските институции и да се зголеми напредокот.
    Годинава САД слават 240 години независност, а фокусот на прославата е ставен на 100-годишнината од создавањето на Службата за национални паркови, создадена на 25 август, 1916 од претседателот Вудроу Вилсон, заради заштита на американските национални паркови и споменици. Во САД, во националните паркови се вклучени и места од културно и историско значење. Најстариот, Јелоустонскиот Парк, е создаден пред 144 години, а најновиот, за правата на ЛГБТ заедницата во Соунвол Ин во Њујорк, е именуван минатата недела од претседателот Обама.
    „Националниот парк е ветување што ние им го даваме на нашите деца, и на нивните деца, и на иднината. Да му покажеш на дете дрво, планина или река е радост и привилегија од генерација во генерација. Како што рече американскиот историчар и пистел Валас Стегнер, националните паркови се најдобрата идеја од Америка. Апсолутно американска, апсолутно демократска, тие се израз на најдоброто од нас“, рече вечерва Бејли и додаде дека македонските паркови го одразуваат духот на народот во Македонија.

    Тој рече дека ги посетил Националните паркови Маврово, Пелистер и Галичица чии убавини инспирираат да се посетуваат одново и одново.

    Бејли здравицата ја заврши со зборовите на претседателот Теодор Рузвелт, шампион за заштита на природниот свет, „да наздравиме за вредноста на природната убавина како национално богатство“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари