Младинскиот форум на Движењето БЕСА денеска пред влезната врата на Музејот на македонската борба, којшто го нарекоа „музеј на ВМРО ’Али Ахмети’“, остави „два важни артефакти“, врамени фотографии на членовите на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА и Субхи Јакупи од ДУИ. Младите од БЕСА ги нарекоа Ибраими и Јакупи „херои на ВМРО“, поради, како што кажаа, нивниот голем придонес за заштита на ВМРО и на Никола Груевски.
СИНОТ НА БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОД ДИК ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРЕД ИЗБОРИ?
„Денеска сме тука пред музејот на ВМРО „Али Ахмети“, кој го именувавме така пред некое време, со тоа што на оваа културна институцијаа ѝ посветуваме уште два важни артефакти, и генерално, за историјата на ВМРО. Поради нивниот голем придонес за заштита на ВМРО, на Никола Груевски, Јохан Тарчуловски и на Сашо Мијалков, поддршка која се изрази особено во состаноците на Државната изборна комисија, кога на коалицијата Преродба со Беса ѝ беа земени два пратеника и кои ѝ се дадоа на ВМРО, ние од Форумот на млади на Движењето Беса, одлучивме да им ги доделиме наградите „Херои на ВМРО“ на двете лица кои најмногу придонесоа за овој резултат на ВМРО. Тие се Субхи Јакупи, претставник на ДУИ во ДИК, и Бедредин Ибраими, претставник на ДПА во ДИК“, изјавија преставници од Беса пред Музејот на македонската броба.