БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН 0800-54321 НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРИЈАВИ НА ПОВРЕДА НА ГЛАСАЧКОТО ПРАВО ЌЕ РАБОТИ И В НЕДЕЛА

    БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН 0800-54321 НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРИЈАВИ НА ПОВРЕДА НА ГЛАСАЧКОТО ПРАВО ЌЕ РАБОТИ И В НЕДЕЛАОтворени ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, а покрај доаѓање лично во канцелариите како и јавување на бесплатната линија, ќе работат и следниве телефонски броеви: Тетово 044/ 344-082, Струмица 034/ 329 996, Кичево 045/ 228-586, Битола 047. 242-310, Штип 032/ 389-701 и Куманово 031/ 431-488; - Омбудсманот Иџет Мемети (СДК.МК)

    Во канцеларијата на Народниот правобранител в недела на 30 септември, на денот на одржување на референдумот за името, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на којашто ќе можат да се пријави каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање.

    Отворени ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, а покрај доаѓање лично во канцелариите како и јавување на бесплатната линија, ќе работат и следниве телефонски броеви: Тетово 044/ 344-082, Струмица 034/ 329 996, Кичево 045/ 228-586, Битола 047. 242-310, Штип 032/ 389-701 и Куманово 031/ 431-488.

    „Народниот правобранител во оваа пригода, потсетува на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување, и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството. Народниот правобранител, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават“, соопшти Омбудсманот Иџет Мемети.

    Граѓаните од земјава и дијаспората на референдумот ќе треба да одговорат на референдумското прашање, кое ќе гласи „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“. Со овој Договор, потпишан на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира