БЕЗ ОБЈАСНУВАЊЕ ОДЛОЖЕНА ОБУКАТА НА НОВИТЕ 600 КАНДИДАТИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕЗ ОБЈАСНУВАЊЕ ОДЛОЖЕНА ОБУКАТА НА НОВИТЕ 600 КАНДИДАТИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ

    Неколку стотини кандидати за полицајци утрово место да ја почнат обуката, се вратија дома. Тие минатиот месец потпишаа договори за почеток на обуката во кои Министерството за внатрешни работи ги повикува да дојдат во Центарот за обука во Идризово на 12 октомври за да ја почнат обуката, но оние кои што се појавија наидоа на затворени врати.
    Полицајците кои стоеле на влезот на Центарот за обука не им дозволиле на кандидатите да  влезат.
    „Ни рекоа да чекаме да ни јават кога да дојдеме. Имаше меѓу нас и кандидати од различни градови, дојдени со куфери оти според договорот, овде треба да спиеме додека трае обуката, но никој не влезе“, вели кандидат за полицаец кој три часа стоеле пред вратата на Центарот за обука во Идризово.
    Од Министерството за внатрешни работи нема објаснување за одложениот старт на обуката. Службата за односи со јавност не извести дека прашањата за одложената обука се испратени во Центарот за обука, но дали и кога ќе има одговор, не кажуваат.
    Минатиот месец 600 кандидати од различни делови на Македонија потпишаа договори за кандидати за полицајци откако ги поминаа психофизичките проверки. Договорите ги потпиша Митко Чавков, пред да си даде оставка од местото министер за внатрешни работи, според договорот меѓу четирите партии потписнички на договорот од Пржино, како еден од условите за спроведување веродостојни избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира