БЕЗ СЕКОГО СЕ МОЖЕ, ПА И БЕЗ МЕНЕ И БЕЗ МЕЏИТИ, ВЕЛИ АХМЕТИ ОТКАКО ДЕЛ ОД ПАРТИЈАТА ИСКАЖА НЕЗАДОВОЛСТВО ОД АРТАН ГРУБИ

    БЕЗ СЕКОГО СЕ МОЖЕ, ПА И БЕЗ МЕНЕ И БЕЗ МЕЏИТИ, ВЕЛИ АХМЕТИ ОТКАКО ДЕЛ ОД ПАРТИЈАТА ИСКАЖА НЕЗАДОВОЛСТВО ОД АРТАН ГРУБИВчера дел од членовите меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити и Блерим Беџети испратија писмо до медиумите во кое велат дека во ДУИ не постојат партиските органи и одлучува поединец, а тоа е Артан Груби. (Фото: Архивска фотографија)

    ДУИ има стабилни структури и може да функционира без секого, одговори лидерот Али Ахмети, откако вчера дел од членовите, меѓу кои и двајца пратеници и градоначалници, во отворено писмо искажаа незадоволство од Артан Груби и побараа реформи во партијата.

    „Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка“, изјави Ахмети одговарајќи на новинарско прашање како го коментира вчерашното писмо на  таканаречената „огнена група“ .

    Вчера дел од членовите на партијата, меѓу кои и Муса Џафери, пратениците Изет Меџити и Мерита Колчи-Коџаџику, градоначалниците на Чаир и на Сарај Висар Ганиу и Блерим Беџети, испратија писмо до медиумите во кое велат дека во ДУИ две години не постојат партиските органи и одлучува поединец, а тоа е Артан Груби. Тие сметаат дека токму поради ваквото функционирање на партијата имаа пораз на локалните избори за Совет во Општина Тетово и затоа бараат итни реформи.

    „Арогантното и дилетанско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите. Повикуваме на внатрепартиска дебата за да се надмине оваа состојба“, стои во писмото.

    Ахмети рече дека ДУИ за 20 години има инвестирано во кадарот на партијата.

    „Советот и Конгресот се функционални, за анархијата нема место, рече Ахмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира