БИ МИ БИЛО СРАМ ДА ИЗГОВОРАМ ЕУ ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ , РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ДИМИТРОВ

    БИ МИ БИЛО СРАМ ДА ИЗГОВОРАМ ЕУ ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ , РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ДИМИТРОВткако опозицијата ја напушти седницата обвинувајќи дека власта е виновна за недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, Димитров кажа дека ваквите изјави се политичка дрскост бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи за доближување на Македонија до Евроспката Унија и НАТО.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Да сум на местото на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ би ми било срам да зборувам за Европската унија, да изговорам ЕУ, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на седницата на Комисијата за европски прашања. Откако опозицијата ја напушти седницата обвинувајќи дека власта е виновна за недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, Димитров кажа дека ваквите изјави се политичка дрскост, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи за доближување на Македонија до Евроспката Унија и НАТО.

    „Вакви изјави доаѓаат од луѓе кои никогаш подалеку не нѐ однеле, кои нѐ закопаа и тапкаа за да не можеме да излеземе од таа состојба. Ќе ми биде срам да сум на нивно место и да зборувам за ЕУ”, рече Димитров.

    Тој кажа дека потребно е да се донесе Законот за јавно обвинителство, кој токму поради ВМРО-ДПМНЕ не може да се изгласа во Собранието.

    „Опозицијата бара со политичка одлука разрешување на Вилма Рускоска, а во нивниот преговарачкиот тим има луѓе кои се соочени со обвинение“, кажа Димитров.

    Димитров во своето обраќање пред пратениците, невладините организации и странските гости кажа дека непризнавањето на успехот кој оваа влада го постигна за две година е грешка, наведувајќи дека некои европски лидери можат да учат од Македонија за постигнатите договори со Бугарија и Грција.

    “Сега треба да го положиме овој испит на зрелост.Таква ни е судбината, со маки сме се родиле. Ќе им покажеме на француските пријатели дека овој процес носи резултати. Со мудрост и истрајност да ги покриеме грижите на Франција и од овој процес победници да излеземе сите“, рече Димитров.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари