ВО БИТОЛА БЛОКАДА НА КРСТОСНИЦИ И КОНТРАПРОТЕСТ НА ГДОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО БИТОЛА БЛОКАДА НА КРСТОСНИЦИ И КОНТРАПРОТЕСТ НА ГДОМ

    Со блокада на крстосницата кај Гроздот вечерва продолжија протестите за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески и повлекување на аболицијата од Иванов. Се работи за една од најфреквентните сообраќајници во близина на Широк Сокак, со што се блокира движењето  низ една од најголемите сообраќајни артерии на Битола, „Димитар Илиевски Мурато“ и „Никола Тесла“.

    Во исто време на двеста метри од нив протсетираат и приврзаниците на власта од ГДОМ. Засега не опасност од судир на двете групи.

    Демонстрантите и вчера исто така блокираа две пофреквентни крстосници на влезот на Битола од грчка страна. Целта е да се подигне свеста кај битолчани и во што поголем број да се приклучат на протестите кои траат веќе една недела.

    Дали и вечерва ќе се протестира пред станот на Талески во Нова Битола ќе одлучи Пленумот во 19 часот пред Офицерскиот дом кој е зборно место на демонстрантите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари