БИТОЛЧАНИ ГО РЕЦИТИРАА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ ВО СПОМЕН НА МАРТИН НЕШКОВСКИ 

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(сАКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ ГО РЕЦИТИРАА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ ВО СПОМЕН НА МАРТИН НЕШКОВСКИ 

    На вечерашниот протест во Битола демонстрантите ја рецитираа песната „Цветови“ од македонскиот виртуозен поет Славко Јаневски, посветувајќи ја на прераната смрт на Мартин Нешковски. Со рециталот насобраната топла пред општина Битола одбележа една година откако беше соопштена бомбата, односно аудио материјалот кој ги откри околностите под кои настанала смртта на Нешковски и како полицијата молчела за тоа.

    „Цветови“ е една од најтажните песни во македонската литература која Јаневски ја напишал за 12-те ваташки младинци кои во Втората светска војна беа стрелани од бугарскиот окупатор. Овој пат битолчани ја рецитираа во спомен на Мартин кој беше претепан до смрт  од припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари