Апелациониот суд Скопје по 3 години, донесе правосилна пресуда за случајот „Транспортер“, со која обвинетиот градоначалник Владимир Талески оди на издржување на 7-годишна затворска казна. За една година му е намалена првичната казна од поранешната судијка во Основниот кривичен суд Скопје Добрила Кацарска.
Во овој случај има и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.
Апелација обвинетиот С.Б., го осуди на казна затвор од 5 – пет години и 6-шест месеци, во кои казни им се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, за по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик
На обвинетите Ј.И., С.М., А.Ш., Д.Г., А.С., О.С., Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување им изрече алтернативна мерка – условна осуда, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2 години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело.
Согласно чл.100 од Кривичниот законик од правното лице Друштво за превоз, услуги, производство и трговија „Д и А Х.Т” ДООЕЛ увоз извоз Битола, се конфискува имотната корист во износ од 857.637,00 денари, или 14 илјади евра, кој претставува имотната корист прибавена со кривичното дело.
Во останатиот дел како и по однос на кривичните санкции спрема останатите обвинетите и по однос на мерката конфискација на имотната корист која е прибавена со кривичните дела, во вкупен износ од 34.224.179,00 денари, или над 500 илјади евра, првостепената пресуда ја потврди.
Воедно, советот на овој суд, по повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон, првостепената пресуда во ослободителниот дел под II, ја укина.
С. К. ДЕЛЕВСКА