БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК АЛЕКСАНДАР ЧИЧАКОВСКИ И ЕЛЕОНОРА АЈРО, СОПРУГА НА АРТАН АЈРО ОД СЈО, ИЗБРАНИ ЗА УПРАВНИ СУДИИ

    БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК АЛЕКСАНДАР ЧИЧАКОВСКИ И ЕЛЕОНОРА АЈРО, СОПРУГА НА АРТАН АЈРО ОД СЈО, ИЗБРАНИ ЗА УПРАВНИ СУДИИЗа Чичаковски беше кажано дека покрај богатата биографија што ја имал, пресудно за да го дадат гласот некои членови на Советот за него, било што во жестоките партиски расправии во ДИК, успеал никогаш да не заземе страна. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски е избран за судија во Управниот суд во конкуренција на 31 кандидати за 2 судиски места, на денешната седница на Судскиот совет.

    За него беше кажано дека покрај богатата биографија што ја имал, пресудно за да го дадат гласот некои членови на Советот за него, било што во жестоките партиски расправии во ДИК, успеал никогаш да не заземе страна.

    Покрај него, од заедниците беше избрана и Елеонора Ајро, сопруга на специјалниот обвинител Артан Ајро, чиј најпознат предмет што го застапува е „Тврдина-Таргет“.

    Елеонора Ајро само што дипломираше на Академијата. При последното рангирање на оценките таа немала доволно бодови за судија во кривичниот или граѓанскиот суд и поради тоа ја ставиле на листата да биде обвинител. Член на Судскиот совет рече дека немало кој да ѝ ги надува оценките, како на други, за да го оствари нејзиниот сон да биде судијка. Таа е третата судијка избрана во Управниот суд од Академијата, иако денешниот избор е по стариот закон, бидејќи по новите закони, сега и за во овој суд кандидатите ќе мора да доаѓаат од Академијата.

    Ајро е поранешен стручен соработник во Управниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари