БЛИЗОК СУМ СО МИЈАЛКОВ, АМА ГРУЕВСКИ ГО ТЕРА УРИВАЊЕТО, МУ СЕ ПРАВДАЛ ОРЦЕ КАМЧЕВ НА СЕФЕР ЦАНОСКИ ЗА „КОСМОС“

    БЛИЗОК СУМ СО МИЈАЛКОВ, АМА ГРУЕВСКИ ГО ТЕРА УРИВАЊЕТО, МУ СЕ ПРАВДАЛ ОРЦЕ КАМЧЕВ НА СЕФЕР ЦАНОСКИ ЗА „КОСМОС“Фијат Цаноски, сопственикот на ураниот објект „Космос“, пред Основниот суд Скопје 1, каде што денеска сведочеше неговиот син Сефер. (Фото: СДК.МК)

    Со сведочење на Сефер Цаноски, син на бизнисменот и лидер на ПЕИ Фијат Цаноски, продолжи судскиот процес за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ во 2011 година по наредба на тогашниот премиер Никола Груевски.

    „Во април, само 2 месеца пред парламентарните избори во 2011 година, дозволата за градба на огромниот станбено-деловен простор Космос, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја повлекла дозволата за градба на објектот, кој веќе бил изграден во карабина затоа што татко ми ја раскина коалицијата со Никола Груевски“, сведочеше Сефер Цаноски.

    По победата на Груевски, веднаш на Фијат му било дадено решение да ја отстрани сам градбата, т. е. да ја урива самиот.

    На први август, пред Илинден, екипи со машинерии почнале да вршат подготовки за уривањето.

    „Прв комшија ми беше Орце Камчев. Го замолив да не одат до најцрното сценарио. По неколку дена добив одговор од Орце дека тој бил близок со Сашо Мијалков, дека немал Сашо допирни точки со овој предмет и оти оваа работа ја координира директно тогашниот премиер Никола Груевски“, сведочеше Сефер.

    Потоа отишол да моли кај Муса Џафери и Али Ахмети да ги разубедат обвинетите Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски во намерата, да го урнат „Космос“.

    „Пред да доаѓаш, да ти кажам дека поради тоа што татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а не дошол ни со ДУИ да коалицира, многу е тешко и скоро невозможно да се спречи уривањето“, ми рече Али Ахмети по телефон.

    Судењето продолжува со уште три сведока на СЈО, а потоа на ред се сведоци на обвинетите, предложени како нивна одбрана.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира