БОГОЕВСКИ ПОБАРА ОД ВЕЉАНОСКИ ДА ПОКАЖЕ ДОБЛЕСТ КАКО ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАВАЧ

    БОГОЕВСКИ ПОБАРА ОД ВЕЉАНОСКИ ДА ПОКАЖЕ ДОБЛЕСТ КАКО ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАВАЧПретседавачот Трајко Вељаноски му водеше евиденција на пратеникот Павле Богоевски колку пати ги спомнал зборовите „криминал“ и „криминалци“ во неговото обраќање од собраниската говорница. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеникот од коалицијата на СДСМ Павле Богоевски го обвини претседавачот на конститутивната седница на Собранието Трајко Вељаноски дека продолжува да ја узурпира функцијата и со тоа ја продлабочува кризата во земјата. Богоевски, кој беше меѓу првите говорници на денешното продолжение на маратонската седница, побара од Вељаноски да има доблест како неговите сопартијци Никола Груевски и Сашо Мијалков и да се повлече од позицијата.

    „Вие ја уништивте основната функција на овој дом, преточување на волјата на мнозинството во конкретни политики. Никола Груевски и Сашо Мијалков барем имаа доблест да се повлечат од своите функции, а таа доблест се уште ја чекаме од вас, господине Вељаноски. Повлечете се и дозволете ни да работиме согласно уставот, законите и деловникот на овој дом“, кажа Богоевски.

    Вељаноски му одговори на Богоевски дека водел евиденција како во табланет и забележал дека Богоевски шест пати ги спомнал зборовите „криминал“ и „криминалци“ и дека не треба така лесно да го користи тој, како што, кажа епитет. Вељаноски кажа и дека бил 11 години адвокат и подобро ги знае законите од Богоевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира