И КРИВИЧНИОТ СУД ПАДНА ПРЕД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И КРИВИЧНИОТ СУД ПАДНА ПРЕД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Шарената револуција вечерва ја бојадисува зградата на Кривичниот суд. Се фрлаат балони со боја и се скандира паролата „Нема правда, нема мир“. Антивладините демонстранти и вечерва се собраа во 18 часот пред Специјално јавно обвинителство (СЈО), мирно поминаа покрај Собранието и продолжија кон Кривичниот суд. “Протестираме тука оти немама независно судство и немаме правда. Прекршени се човечките права без разлика на професијата“, рекоа организаторите. Пред Кривичниот суд на демонстрантите им се обрати и Елена, мајката на притворениот студент Борјан Ефремов.
    Сакам да упатам порака до сите родители - нема зошто да се плашите, охрабрете ја нашата младина бидејќи избор нема, или ќе живееме во слобода или ќе ги гледаме нашите деца преку вибер и скајп“, порача Елена, мајката на притворениот студент Бојан

    Сакам да упатам порака до сите родители – нема зошто да се плашите, охрабрете ја нашата младина бидејќи избор нема, или ќе живееме во слобода или ќе ги гледаме нашите деца преку Вибер и Скајп“, порача Елена, мајката на притворениот студент Борјан Ефремов

     

     

    Шарената револуција ја организира граѓанското здружение „Протестирам“. Тие бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    По паузата поради продолжениот викенд поради Велигден и Први мај, активистите на Протестирам вчера се придружија на Второмајскиот протестен марш што го организираше Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права, потпишана од десет синдикати и други организации. Најавуваат дека протестите во наредните денови ќе се интензивираат.

    Неколку од најактивните демонстранти, меѓу кои и лидерите на Левица и студенти остануваат во домашен притвор, откако пред празниците Кривичниот совет на Скопскиот основен суд им го продолжи притворот за уште 30 дена, на барање на јавниот обвинител.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира