БОЛНИЦАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ КРЕВЕТИ И ОПРЕМА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО СО ЛИЧНА ДОНАЦИЈА НА БИЗНИСМЕНОТ АНЃУШЕВ ВРЕДНА 1.5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

    БОЛНИЦАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ КРЕВЕТИ И ОПРЕМА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО СО ЛИЧНА ДОНАЦИЈА НА БИЗНИСМЕНОТ АНЃУШЕВ ВРЕДНА 1.5 МИЛИОНИ ДЕНАРИСтанува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не беше соодветно опремен. (Фото: УКХБ „Св. Наум Охридски)

    Шест соби од одделот за абдоменална хирургија во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје ќе се опремат со болничка опрема и медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари.

    Директорот на Болницата, д-р Љубен Арсенков ни изјави дека станува збор за лична донација од бизнисменот Кочо Анѓушев, кој беше  вицепремиер во Владата на Зоран Заев.

    Станува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не бил соодветно опремен.

    „Донацијата не е парична, туку во износот на таа вредност собите ќе се опремат со сѐ она што е потребно за една болничка соба, како електричен кревет, наткасни, колички за носење на лекови, сталак за инфузија. Мебелот е од домашно производство, ќе се изработува во компанијата ‘Брако’ во Велес, и го очекуваме за околу 10-15 дена“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот д-р Арсенков.

    Тој вели дека е исклучително благодарен за донацијата и смета дека ова ќе биде добар поттик за сите останати општествено одговорни компании во земјава.

    Во однос на ситуацијата со коронавирусот, д-р Арсенков вели дека Болницата е опремена со заштитна опрема, формиран е кризен штаб кој ја следи ситуцаијата, и дека дневно примаат по 100-120 пациенти во амбулантското одделение.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари