БОРИСОВ ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО ИВАНОВ ПОРАДИ НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ СО ЗАЕВ И ДИМИТРОВ

    БОРИСОВ ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО ИВАНОВ ПОРАДИ НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ СО ЗАЕВ И ДИМИТРОВСпоред „24 часа“, Борисов бил многу лут заради скандалозниот однос на Иванов, кој ја напушти средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и за неговото противењето на Договор за добрососедство со Бугарија. - Заев и Борисов по потпишување на Договорот за добрососедство минатиот август (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа утрешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, поради неговото противење на Договорот за добрососедство со Бугарија и арогантно однесување вчера, пишува бугарскиот весник „24 часа“.

    Вицепремиерката и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, според весникот, го известила бугарскиот претседател Радев дека премиерот Бојко Борисов ја откажува утрешната средба со претседателот Иванов.

    Според „24 часа“, Борисов бил многу лут поради скандалозниот однос на Иванов, кој вчера ја напушти средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и за неговото противењето на Договор за добрососедство со Бугарија.

    Претседателот Ѓорге Иванов од денеска е во официјална посета на Бугарија и планирана е средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари