БРИТАНИЈА ГИ ПОВИКА СИТЕ ПАРТИИ И ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ГРЦИЈА ДА ГИ ПРЕПОЗНААТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДОГОВОРОТ

    БРИТАНИЈА ГИ ПОВИКА СИТЕ ПАРТИИ И ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ГРЦИЈА ДА ГИ ПРЕПОЗНААТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДОГОВОРОТ„Како долгогодишен пријател, ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат, како и стабилноста и просперитетот што ќе и го донесе на земјата и регионот.“ - од посетата на Тереза Меј на Скопје, 17 мај (Фото: М. Златевска)

    Британската Влада ги поттикува сите лидери, политички партии и граѓаните во Македонија и Грција да ги согледаат придобивките од договоро си кој се решава спорот за името.

    Во соопштението што попладнево го објави Владата на Обединетото Кралство се упатува срдечна честитка на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на историски договор за прашањето за името што беше потпишан на 17 јуни.

    „Обединетото Кралство ја поздравува и ратификацијата од страна на Парламентот во Скопје на 20 јуни и ги поттикнува сите лидери, политички партии и граѓани во двете земји да ги согледаат придобивките што ќе ги донесе решението на овој долготраен спор. Британија смета дека решавањето на прашањето за името ќе го отвори евро-атлантскиот пат, вклучително и преговори за членство во ЕУ и НАТО, за што се залагаа низ годините владите во Скопје. Ќе се отворат значајни можности за двете земји и пошироко за регионот, преку зајакната безбедност и просперитет“, стои во соопштението на Британската влада.

    Официјален Лондон потсетува и на писмото што британската премиерка Тереза Меј го испрати на 21 јуни до македонскиот премиер Зоран Заев во кое се вели: “Вакво значајно постигнување немаше да биде можно без огромна политичка храброст, визија и лидерство што ги покажаа премиерите Ципрас и Заев. Решавањето на ова прашање ќе донесе огромни придобивки за двете земји и за регионот. Како долгогодишен пријател, ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат, како и стабилноста и просперитетот што ќе и го донесе на земјата и регионот.”

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира