БРИТАНИЈА ЌЕ СОРАБОТУВА СО НОВАТА ВЛАДА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

    БРИТАНИЈА ЌЕ СОРАБОТУВА СО НОВАТА ВЛАДА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТОМинистерот за Европа Алан Данкан вели дека формирањето влада е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија.

    Британскиот министер за Европа Алан Данкан ѝ честита на Македонија за формирањето на новата влада и вели дека ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион, соопшти британското МНР.

    „По долготрајната политичка криза во Македонија, премиерот Зоран Заев формираше влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евро-атлантските институции“, вели Данкан во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира