БРЗА ПОМОШ И ВОДЕНИ ТОПОВИ ПРЕД СОБРАНИЕ, ПОЛИЦИЈАТА ГО СПРЕЧИ УРИВАЊЕТО НА ПРОМЕТЕЈ

    БРЗА ПОМОШ И ВОДЕНИ ТОПОВИ ПРЕД СОБРАНИЕ, ПОЛИЦИЈАТА ГО СПРЕЧИ УРИВАЊЕТО НА ПРОМЕТЕЈ

    Полицијата ги истурка демонстрантите и го спречи нивниот обид да го урнат Прометеј. Го обиколи споменикот, а демонстрантите ги потисна да излезат на булеварот пре Собрание. Во исто време до демонстрантите се доближија и водените топови, а се појави и возило на Брза помош.

    vodeni topovi

    Водените топови се доближија на демонстрантите (Аматерска фотографија)

    Активисти на Шарената револуција со маски на лицата се обидоа да го урнат споменикот. Го искинаа платното со кое беше заграден и се искачија највисоко на скелето. Го заврзаа платното околу вратот на Прометеј и во моментот кога почнаа да го влечат платното за да го урнат споменикот, дојде полицијата и почна да ги потиснува. Во истиот момент се вклучија и водените топови. Репортрите на СДК.МК јавија дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се качил на еден од водените топови.

    Препирката со полицијата се уште трае. Полицијата е околу Прометеј, пред нив има демонстранти, а една група демонстранти е зад нив, во паркот. Таму се оти полицијата ги потисна и останаа зад полициската барикада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари