БУГАРИЈА ДА ГИ РЕШАВА ПРАШАЊАТА ВО ТЕКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ, А НЕ ДА ГО БЛОКИРА ПОЧЕТОКОТ, ВЕЛИ СИЈАРТО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

    БУГАРИЈА ДА ГИ РЕШАВА ПРАШАЊАТА ВО ТЕКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ, А НЕ ДА ГО БЛОКИРА ПОЧЕТОКОТ, ВЕЛИ СИЈАРТО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИСијарто, кој денеска е во посета на Скопје, рече дека изостанувањето на започнување на преговорите со Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја повика Бугарија да не го блокира почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и прашањата што тие ги сметаат како пречка да ги решаваат во текот на преговорите.

    „Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што тие ги сметаат како пречка да пробаат да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на почетокот на преговорите“, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи.

    Сијарто, кој денеска е во посета на Скопје, рече дека изостанувањето на започнување на преговорите со Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ, бидејќи Македонија направила сè што е неопходно за да ги почне преговорите.

    „Имаме чувство дека минатата недела ЕУ повторно го остави на суво Западен Балкан, бидејќи пред година и пол веќе донесовме решение дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ, но еве тие разговори не се започнати“, изјави Сијарто, додавајќи дека на тој начин се нарушува кредибилитетот на ЕУ и Унгарија оваа состојба ја смета за штетна, опасна и спротивна на принципите на ЕУ и по прашањата за безбедноста и по прашањата на економскиот развој.

    Прашан за неиспорачувањето на бегалецот Никола Груевски, Сијарто одговори дека станува збор за правно, а не политичко прашање.

    „Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање“, изјави Сијарто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира