БУГАРИЈА КОН МАКЕДОНИЈА СЕ ОДНЕСУВА КАКО РУСИЈА КОН УКРАИНА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ НА САМИТОТ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО РЕЈКЈАВИК

    БУГАРИЈА КОН МАКЕДОНИЈА СЕ ОДНЕСУВА КАКО РУСИЈА КОН УКРАИНА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ НА САМИТОТ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО РЕЈКЈАВИКПремиерот кажа дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани, а токму таа држава е пример за кршење на човекови права. (Фото: Влада на РСМ)

    Премиерот Димитар Ковачевски на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд кажа дека Бугарија се однесува кон Македонија исто како Русија кон Украина. Тој во говорот на дебатата „Обединети за Европа“ рече дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани, а токму таа држава е пример за кршење на човекови права.

    Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“, кажа премиерот Ковачевски.

    Бугарија на Самитот во Рејкјавик ја претставува потпретседателката Илијана Јотова која, како што јави бугарската агенција БТА, на тркалезната маса „Обединети за Европа“ изјави дека правата на Бугарите во Македонија систематски се кршат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира