БУГАРИЈА НЕМА ПРАВО ДА ГИ ДОБИЕ НАШИТЕ ФОРМУЛАРИ ОД ПОПИСОТ, ВЕЛИ СИМОВСКИ

    БУГАРИЈА НЕМА ПРАВО ДА ГИ ДОБИЕ НАШИТЕ ФОРМУЛАРИ ОД ПОПИСОТ, ВЕЛИ СИМОВСКИСимовски кажа и дека бугарската фирма која ја изработила апликацијата не може да има пристап до базата на податоци. (Фото: МИА)

    Околу 18 илјади лица до 8 часот утрово се пријавиле на апликацијата за самопопишување, што сметаме дека е одлична бројка, рече денеска директорот на Државниот заводот за статистика (ДСЗ), Апостол Симовски.

    Во понеделникот почна попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Ова е еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите што ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април.

    „Жал ми е што одредени држави, не само Бугарија, бараа, како што барале и во изминатите години, за оние лице кои аплицирале за нивно државјанство, да достават како се изјасниле на пописот. Нити некој добил, нити ќе добие, нити има право да добие. Ниту ние имаме право да дадеме ваков податок“, одговори Симоски на новинарско прашање.

    Симовски кажа и дека бугарската фирма која ја изработила апликацијата не може да има пристап до базата на податоци.

    „Базите се наши и никој друг нема пристап, ниту фирмата која ја направила апликацијата. Во базата може да влезе само претходно проверено лице со сертификат. Дури ни јас не можам да влезам во базите“, рече директорот.

    Симовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посетија Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства Визбегово, каде се попишуваат 105 бездомни лица.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира