БУГАРСКИОТ КЛУБ „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ОД БИТОЛА ЌЕ МОРА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО, ОДЛУЧИ МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА

    БУГАРСКИОТ КЛУБ „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ОД БИТОЛА ЌЕ МОРА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО, ОДЛУЧИ МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДАОд отворањето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола во април 2022 година. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива како неосновано барањето за одобрение за користење на името „Иван Михајлов” во називот на бугарскиот Културен центар во Битола. Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности, која денеска одржа седница и во образложението наведе дека дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ, имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ.

    „Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество“, соопштија од Министерството за правда.

    Во членот 9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира