БУЈАР ОСМАНИ НАЈАВИ ТУЖБИ ЗА СИТЕ КОИ ЈА СПОМЕНАЛЕ ДУИ ВО ВРСКА СО КРАЖБАТА ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ, АКО НЕ СЕ ИЗВИНАТ

    БУЈАР ОСМАНИ НАЈАВИ ТУЖБИ ЗА СИТЕ КОИ ЈА СПОМЕНАЛЕ ДУИ ВО ВРСКА СО КРАЖБАТА ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ, АКО НЕ СЕ ИЗВИНАТБујар Османи вели дека изјавата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска била несреќна и отворила можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ. (Фото: Влада)

    Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ вели дека нема никакви злоупотреби во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и најави дека неговата партија ќе ги тужи сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвирале ДУИ во, како што кажа тој, лажната вест, ако не се извинат во рок од 24 часа.

    „Поради штетата што е направена на ДУИ најавувам дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, дека ако не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка за да ја докажеме вистината“, изјави Османи на прес-конференција во Владата.

    Османи вели дека изјавата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска била несреќна и отворила можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба, но тие потоа верификувале дека не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на фондот.

    Во неделата, Царовска кажа дека во изминатите 10 години за околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот втор столб, иако ги исполнувале законските услови за ова и на тој начин директно им се скратува правото на овие луѓе да остварат пензија во целост.

    Во периодот што го спомена министерката, директори на ПИОМ беа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и Шаип Зенељи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира