БУЈАР ОСМАНИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ, РАЗГОВАРАЛЕ КАКО ДА ИМААТ ПОДИРЕКТНА СОРАБОТКА

    БУЈАР ОСМАНИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ, РАЗГОВАРАЛЕ КАКО ДА ИМААТ ПОДИРЕКТНА СОРАБОТКАСредбата поминала во позитивна атмосфера. (Фото: МНР)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија, соопшти МНР.

    Од министерството велат дека средбата поминала во позитивна атмосфера и биле разменети мислења за прашања кои ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

    „На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор“, велат од МНР.

    Ѓорѓи Трендафилов, еден од претставниците на бугарската заедница, која што се жали дека е дискриминирана во Македонија, е поранешен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за одбрана и Владата, а беше и директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и пратеник во Собранието.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира