ЧАИР ИМА НАЈМНОГУ АКТИВНИ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ, 302 ОД ВКУПНО 1.323

    ЧАИР ИМА НАЈМНОГУ АКТИВНИ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ, 302 ОД ВКУПНО 1.323Во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.173 тестирања. - Возило на Итна помош пред Инфективната клиника. (Фото: К. Попов)

    Со 302 активни случаи, Општина Чаир има најмногу позитивни лица на КОВИД-19 во Скопје од вкупно активни 1.323. Во Скопје досега се регистрирани 1.995 позитивни лица на КОВИД-19, стои во статистиката на Министерството за здравство.

    Оттаму велат дека активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) има:
    • Чаир – 302
    • Аеродром – 118
    • Бутел – 110
    • Гази Баба – 104
    • Центар – 105
    • Карпош – 94
    • Сарај – 96
    • Кисела Вода – 64
    • Ѓорче Петров – 53
    • Студеничани – 52
    • Шуто Оризари – 40
    • Арачиново – 33
    • Илинден – 27
    • Петровец – 9
    • Чучер Сандево – 7
    • Сопиште – 8
    • Зелениково-1
    • Странец – 2

    Во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.173 тестирања. Од новите случаи, 97 се од Скопје, 11 од Тетово, 7 од Ресен, 5 од Куманово, 3 од Струга, по 2 од Крушево и Кичево и по 1 од Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Валандово, Кратово и Неготино. Денеска се регистрирани и 8 починати пациенти.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари