ЧАВКОВ НЕ ОДОБРИЛ ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАСИЛУВАЊЕ, ИАКО БИЛ ПОСТОЈАНО ИЗВЕСТУВАН, НАВЕДЕНО Е ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ЧАВКОВ НЕ ОДОБРИЛ ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАСИЛУВАЊЕ, ИАКО БИЛ ПОСТОЈАНО ИЗВЕСТУВАН, НАВЕДЕНО Е ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА 27 АПРИЛАдвокатот рече дека само 50 отсто му работело срцето на притворениот Чавков и треба да пешачи 10 километри дневно. - Митко Чавков на јавна седница во Апелацискиот суд на 12 јануари (Фото: СДК.МК)

    Митко Чавков, поранешен шеф на командата за заштита на Собранието на 27 април, „не издал одобрение за дополнително засилување на полициските сили, иако командата била постојано известувана“, наведено е во обвинението за настаните во Собранието на 27 април против притворениот ексдиректор во МВР Митко Чавков.

    Ова денеска во Врховниот суд го кажа неговиот адвокат, кој бараше ослободување на Чавков од притвор, а во насока на тоа дека Јавното обвинителство поднесе обвинение. Адвокатот рече дека само 50 отсто му работело срцето на Чавков и оти потребно е 10 километри да пешачи секој ден, што не било возможно тоа да го прави во затворот во Шутка.

    Денеска, меѓу 13-те жалби против ефективните и мерките куќен притвор беа и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески, кои ги отворија собраниските врати и ги пуштија насилниците да влезат внатре и да тепаат пратеници. За Мукоски адвокатот бараше поблага мерка, затоа што бил со влошена психофизичка состојба. Истото барање го имаше и Василески. Врховниот суд по жалбите треба да одлучи најдоцна за два дена.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира