ЧАВКОВ ОСТАНУВА ВО ШУТКА, БЕТМЕН, АРНАУДОВ И ДАМОВСКИ ПУШТЕНИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР

    ЧАВКОВ ОСТАНУВА ВО ШУТКА, БЕТМЕН, АРНАУДОВ И ДАМОВСКИ ПУШТЕНИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОРБогдан Илиевски - Бетмен и Борис Дамовски, водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ излегуваат од истражниот затвор во Шутка. (Фото: СДК.МК)

    Од затворот во Шутка, со одлука на советот за организиран криминал во Скопска апелација, во куќен притвор заминуваат организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски – Бетмен и Борис Дамовски, осомничени за учество во нападот во Собранието на 27 април.

    Апелациониот суд Скопје потврди дека мерка куќен притвор добил и пратеникот Љубен Арнаудов. Допрва за судот ќе одлучува по жалбите на неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои на 27 април лани ги отворија вратите на Собранието и ја пуштија да влезат толпата внатре.

    Во притвор во Шутка останува ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков, кој беше главен на оперативниот штаб за безбедност на Собранието и на државните институции во врска со протестите против формирањето ново парламентарно мнозинство.

    И на Јохан Тарчуловски повторно му е потврден куќниот притвор, кој му беше изречен уште пред три месеци.

    Според информациите од судот, куќен притвор е определен и за Јане Ченто, за Иван Цветановски од тогашниот кабинет на спикерот Трајко Вељаноски и за Оливер Радулов од Управата за безбедност и контраразузнавање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира