ЧЕТИРИ ДЕЦА ИЗВАДЕНИ ОД ТАЈЛАНДСКИТЕ ПЕШТЕРИ, АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ

    ЧЕТИРИ ДЕЦА ИЗВАДЕНИ ОД ТАЈЛАНДСКИТЕ ПЕШТЕРИ, АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕСпасените деца беа превезени со воен хеликоптер во болница (Фото: ЕПА)

    Четири момчиња се извадени од тајландските пештери во првиот круг од сложената спасувачка операција, која ќе продолжи утре наутро по локално време.

    Регионалниот гувернер Наронгсак Осотанакорн кажа дека тие се во совршена состојба, додавајќи дека во целата акција учествувале 90 нуркачи, од кои 50 се од странство.

    „Операцијата е прекината. Ќе бидат потребни меѓу десет и 20 часа за да се подготви следната мисија, која би можела да потрае цел ден. За денеска ги потрошивме сите залихи на кислород“, изјави Осотанакорн.

    Во пештерите остануваат уште осуммина момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои се заглавени од 23 јуни.

    Првите момчиња биле извадени неколку часа побрзо од очекуваното, откако, како што кажаа властите, во пештерите биле начекани досега најдобри услови.

    Спасените млади фудбалери прво биле прегледани во импровизираната болница, поставена во близина на пештерите, по што со воен хеликоптер биле превезени во болницата во Чијанг Раи.

    „Лека ноќ“, напишаа тајландските маринци на својот профил на Твитер, откако нивниот храбар ангажман беше пофален и од претседателот на САД, Доналд Трамп.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира