ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАТИ, 85 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

    ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАТИ, 85 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСАВо ГОБ „8 Септември“ изминатите 24 часа примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 76. - Возило на Брза помош (Фото: К. Попов)

    Од направени 1.188 тестирања изминатите 24 часа, регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Институтот за јавно здравје. Најмногу од нив во Скопје – 32, а потоа следуваат: Куманово и Штип по 9, Гостивар и Кичево по 7, Кавадарци 6, Битола 4, Велес 2 и Прилеп, Тетово, Струмица, Кочани, Виница и Демир Хисар по 1. Вчера беа регистрирани 200 нови случаи од 1.828 тестирања.

    Изминатите 24 часа починати се четири лица, двајца од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти, а на кислородна поддршка се 41 пациент. Нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и четири деца позитивни на вирусот, како и петмина пациенти суспектни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 76. На респираторна машина се шестмина пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Досега во земјата се направени вкупно 114.807 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројката на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира