ЧИЧАКОВСКИ: ОД 226.000 СПОРНИ ЗАПИСИ, ЗА 71.000 ГЛАСАЧИ НЕМА НИКАКВА ЕВИДЕНЦИЈА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:611:"Вистинскиотпроблемевоонаакатегоријана120-130илјадигласачи,коинемаатниличнакарта,нипасош.Наделодовиелица,иаконикогашнеживеелеводржавава,имсеиздавалеличникартиипотоасераспоредуванивоИзбирачкиотсписок“,објаснувапретседателотнаДИКАлександарЧичаковскизоштопроверкатанасписокотморадапродолжи";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧИЧАКОВСКИ: ОД 226.000 СПОРНИ ЗАПИСИ, ЗА 71.000 ГЛАСАЧИ НЕМА НИКАКВА ЕВИДЕНЦИЈА

    Државната изборна комисија (ДИК) е пред ново искушение, да ја доврши некомплетната проверка на Избирачкиот список, за која партиите со посредство на странските претставници во Македонија повторно преговараат. Претседателот Александар Чичаковски за САКАМДАКАЖАМ.МК наведува што според него треба да се направи за да се дојде до Избирачки список во кој граѓаните и сите политички партии ќе имаат доверба и ќе се отвори патот за спроведување на кредибилни избори.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК колкава бројка на спорни гласачи остана во избирачкиот список за која сега повторно ќе преговараат партиите, тој вели:

    „Првата група се околу 71.000 лице, за кои при вкрстените проверки се утврди дека не се наоѓаат во ниту една база на институциите кои ги добивме.  Тие не се евидентирани дека некогаш користеле здравствена услуга, социјална заштита, немале трансфер на пари преку трансакциска сметка, ниту пак се евидентирани во пензискиот систем. Тоа се 71.000 лице, кои најверојатно се дијаспора, постари лица кои не се вклучени во системот на социјална и здравствена заштита, меѓутоа можеби се наоѓаат и лица чие избирачко право е спорно. Овие лица беа предмет на административни проверкии, ние добивме одговор за сите овие лица од МВР, меѓутоа јас тој одговор не го прифатив, бидејќи дописите кои ги добивавме не беа потпишувани согласно Законот за влада, а и од причина што и комисијата при МВР кои ги вршеше проверките во евиденцијата на МВР во извештајот, имаа внесено забелешки по однос на постапката и правниот основ за вадење на одредени лични документи. Затоа имав резерви, особено за лицата за кои постојат забелешки од административните проверки, како најсомнителната категорија која остана во Избирачкиот список по вкрстените и административните проверки“.

    Втората категорија на избирачи, наведува Чичаковски, се 116.000 лица, за кои има некој историски податок во базите на податоци на релевантните институции.  Некој од тие запишани луѓе користел здравствена заштита, еднократна социјална помош, евидентиран е во пензискиот систем или во бирото за вработување…, меѓутоа, историски, од пред година дена или повеќе, веќе не постои податок дека овие луѓе биле вклучени и користеле некоја услуга од системот на социјална и здравствена заштита на државата. За тие претпоставуваме дека се трајно иселени или дека се само на привремена работа или престој во странство. Идентитетот на овие лица не е спорен, не е спорно ниту нивното избирачко право, меѓутоа бидејќи не се евидентирани во МВР дека се на привремена работа или престој во странство, истите не се издвоени на посебните изводи на избирачкиот список за гласање во Македонија. Проблемот е како согласно позитивните законски прописи да се идентификуваат лицата кои навистина се иселени или се на привремена работа или престој во странство, да се утврди овој факт во соодветните евиденции на надлежните институции, за да може ДИК да ги стави на посебните изводи на Избирачкиот список, со цел да се обрне посебно внимание од страна на избирачките одбори и да се оневозможи злоупотребата на нивното избирачко право“.

    И како трета група спорни, за кои политичките партии и ДИК бараат решение, Чичаковски  истакнува 39.000 избирачи, кои при спроведените теренски проверки не се најдени и за кои постои сомнеж во однос на вистинитоста на адресниот податок кој стои во евиденцијата за живеалиште на МВР и во личните карти или патни исправи.

    Фактички, за овие три категории на лица што ги има во избирачкиот список сега се бара решение, вели Чичаковски. Натаму вели: “Проблем при изнаоѓање на решение е постоењето во моментот на две целосно спротиставени тенденции. Едната која инсистира да докаже дека постојниот избирачки список е идеален и втората која инсистира да покаже што е можно поголем број на спорни избирачи. Како дополнителен проблем кој го попречува изнаоѓањето на консезуално решение е и фактот што одредени решенија допираат до меѓуетничките односи, што ги прави етничките политички партии повеќе сензитивни. Исто така, не треба да заборавиме и дека за оваа материја во моментот се водат постапки и пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и пред редовното јавно обвинителство, па преоптимистичко беше да се очекува дека ДИК ќе може брзо да го затвори ова прашање кое се рефлектира и на овие постапки“, вели Чичаковски.

    ДИК за да се заштити избирачкиот список во иднина од злоупотреби, прави база со фотографии на гласачите, кои ги добива од базата на МВР.

    “Во моментов службите работат напорно да се создадат технички услови за фотографиите на гласачите да бидат вградени во Избирачкиот список, за да се спречи можноста за злоупотреба на избирачкото право.  До септември се надевам ќе завршиме. Тука ни помага ИФЕС.  МВР почна веќе да ги праќа фотографиите, апликацијата се прави, за да може тоа да се имплементира. Првиот модул од апликацијата до септември мислам дека ќе го имаме. Не е битно кога ќе се одржат изборите. Октомври, ноември, март, мај, кога и да е, тоа е една добра гаранција дека нема да се гласа во друго име“, вели претседателот Александар Чичаковски. Тој вели и дека со развојот на сите модули на апликацијата која треба да заврши до декември, ќе овозможи ДИК да може самостојно да ја врши методолошката обработка на Избирачкиот список.

    Претседателот на ДИК, на прашање на СДК.МК, објаснува и како се дојде до бројката од  2,4 милиони жители во РМ, која како податок од МВР, беше кажана на една од седниците на ДИК.

    “Оваа бројка е врз основа на регистерот на државјани на Република Македонија која ја води МВР.  И навистина во тој регистер има 2,4 милиони државјани, сосе лица кои се во дијаспората. Полнолетни се околу 1.930.000, околу 130 илјади немаат ни лична карта, ни патна исправа, 1.800.000 се на Избирачкиот список. Тука има и државјани кои никогаш не живееле во Македонија, а по различни основи се стекнале со државјанство и се водат во тој регистер на државјани. Точно е дека бројката прозвучи шокантно, меѓутоа вистинскиот проблем е во онаа категорија на 120-130 илјади, кои немаат ни лична карта, ни пасош. На дел од овие лица, иако никогаш не живееле во државава, им се издавале лични карти и потоа се распоредувани во Избирачкиот список“, истакнува Чичаковски.

    На прашање дали и сега очекува да има тензии, надгласување на мнозинството во ДИК, буквално за се што се става на маса како предлог, тој вели:

    “Времето беше  многу битно. ДИК работеше многу добро, додека не се приближивме до датумот за избори. Како се доближуваа тие термини, тензиите меѓу политичките партии се зголемуваа.  Таквите тензии ја отежнаа и меѓуинституционалната соработка, особено со МВР. Затоа сега периодот е многу поповолен за наоѓање решенија за спорните гласачи. Тензии има и сега, но не се во толкава мера. Проблем е и со довербата во институциите. Кога имавме допис од министерот, немавме доверба кај едните, кога имавме допис од заменикот министер, доверба немаше кај другите. Затоа е потребно пред да се започнува со  какви било дополнителни проверки, да се воспостави институционален механизам за сите политички партии да имаат доверба. За сите дописи каде што беа потпишани тројцата, имаше консензус во одлуките во ДИК. Таму кај што беше потпишан само Оливер Спасовски или само Митко Чавков, не беше прифаќано, или беше прифаќано без  консензус“, вели Чичаковски.

    Чичаковски објаснува и дека има една лоша перцепција во јавноста дека ДИК целосно самостојно го води Избирачкиот список. Главниот провајдер на информациите, вели, е МВР. ДИК не може да ја заврши работата сама, без добра соработка со МВР. Таму се води евиденцијата за живеалишта, евиденцијата за лични карти и пасоши, таму се води евиденцијата за иселени.

    “Ние со овие проверки, на некој начин ја проверуваме веродостојноста на нивните бази. Затоа без добра соработка меѓу МВР и ДИК, бадијала е се“, тврди тој.

    Чичаковски тврди дека во моментов постои расположение и кај политичките партии и кај членовите во ДИК,  да се преиспитаат преостанатите прашања за на крај да се најде консезуално решение. Сепак, бара таа политичка волја да се рефлектира и во работата на ДИК, од причина што голем дел од идеите за решавање на преостанатите прашања кои се сега на преговарачка маса, веќе биле предмет на расправа во ДИК и биле опструирани.

    (Г.М.)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира