ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО И ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СЕ ИСТОРИСКИ НАСТАНИ ОВОЗМОЖЕНИ ОД ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА – ПОМПЕО МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ПЕНДАРОВСКИ

    ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО И ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СЕ ИСТОРИСКИ НАСТАНИ ОВОЗМОЖЕНИ ОД ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА – ПОМПЕО МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ПЕНДАРОВСКИОд Кабинетот на Пендаровски велат дека македонскиот претседател му изразил сочувство на Помпео за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на КОВИД-19 и изразил солидарност со американскиот народ. - Помпео со сопругата пристигнуваат во Охрид на 4 октомври минатата година (Фото: Ѓ. Личовски)

    Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговараше телефонски со македонскиот претседател Стево Пендаровски за да му честита на членството на Северна Македонија во НАТО и одлуката на ЕУ да отвори пристапни преговори, соопшти портпаролот на Стејт Департментот. Двата настани Помпео ги нарече историски, додавајќи дека немаше да бидат возможни без Преспанскиот договор.

    „Секретарот Помпео ги пофали претседателот Пендаровски и Владата на Северна Македонија за нивното лидерство во обезбедувањето на овие постигнувања, за кои што САД веруваат дека ќе доведат до поголеми стабилност и просперитет на Западниот Балкан“, се вели во соопштението.

    Помпео и Пендаровски исто така разговарале за светските напори за справување со КОВИД-19 и државниот секретар ја изразил поддршката што ја обезбедува САД за македонските граѓаните за време на кризата.

    Од Кабинетот на Пендаровски велат дека македонскиот претседател изразил сочувство за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на КОВИД-19 и изразил солидарност со американскиот народ.

    „Во тој контекст двајцата соговорници разменија информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари. Притоа, Претседателот истакна дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира