ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ Е ГАРАНЦИЈА ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ СООЧУВАМЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРВАТА ГОДИШНИНА

    ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ Е ГАРАНЦИЈА ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ СООЧУВАМЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРВАТА ГОДИШНИНАНа предизвиците, сега не им гледаме сега во очи сами, со нас се 29 држави, вели Пендаровски. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Патот до членството беше долг и тежок, чекавме 20 години најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата, но и покрај сите одлагања не се откажавме затоа што тоа беше и останува наша клучна стратешка цел од независноста до денес, кажа претседателот Стево Пендаровски на одбележување на првата годишнина од членството во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

    Но, кажа тој, свесни бевме дека членството во НАТО не е гаранција дека веќе нема да се соочуваме со предизвици, бидејќи се тие неминовни за секоја држава во светот, меѓутоа членството е гаранција дека кога ќе се соочуваме нема да бидеме сами и дека нашата подготвеност за отпор и за одбрана ќе биде мултиплицирана.

    „Нашата прва година од членство токму тоа го потврди. Пандемијата која што започна како здравствена криза брзо прерасна во економска,социјална и еколошка криза. Ние и светот претрпевме непроценливи човечки и огромни материјални штети. Сè уште е многу рано да се согледаат сите долгорочни последици од оваа несреќа. Но едно е очигледно. Целиот свет живее во епоха на исклучителна непредвидливост“, рече Пендаровски.

    Претседателот додаде дека во денешниот свет се менуваат не само бројот и интензитетот, туку и карактерот на безбедносните ризици и хибридни закани кои се прекомплексни за менаџирање и за најмоќните држави и токму тука се предностите од членството во НАТО.

    „Но, на предизвиците, сега не им гледаме сега во очи сами, со нас се 29 држави, 29 демократии, 29 моќни армии, 29 наши пријатели и во добри и во лоши времиња“, вели Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира