Д-Р ИЛИР ДЕМИРИ ОД ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

    Д-Р ИЛИР ДЕМИРИ ОД ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦАДемири доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за ковид-центарот. (Фото: МЗ)

    Д-р Илир Демири e нов директор на Клиничката болница во Тетово, соопшти Министерството за здравство. Демири доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за ковид-центарот.

    Претходниот директор Плумб Вела на 14 јули поднесе оставка после три и пол месеци откако беше назначен за директор на Клиничката болница во Тетово, поради здравствени и лични причини.

    Д-р Демири, како што велат од Министерството, е специјалистинфектолог со големи работно искуство, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004. Тој од 2007 е асистент по предметот Инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 се стекнува со титулата примариус доктор.

    Д-р Демири е добитник на титулата Европска личност за 2020 година. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Тој е член и на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира