БЛЕРИМ РЕКА ПОВИКА НА МАСОВНО ГЛАСАЊЕ В НЕДЕЛА

    БЛЕРИМ РЕКА ПОВИКА НА МАСОВНО ГЛАСАЊЕ В НЕДЕЛАЈас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Но зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијките лидери како обични трговци со гласовите на народот? - Блерим Река со противкандидатите Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски на почетокот на претседателската кампања (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кандидатот за претседател Блерим Река, кој отпадна од трката во првиот круг, но освои речиси 80.000 гласови повика на масовно излегување на гласачите во вториот круг, в недела на 5 мај за да се поддржи евроатлантскиот процес на државата.

    Во статус на својот официјален фејсбук профил тој им се заблагодари на своите гласачи и им порача дека нема да ги повика за кого да гласаат, но секако да излезат на гласање.

    „Јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партиските лидери како обични трговци со гласовите на народот?“, напиша независниот кандидат за претседател Река кој беше поддржан од Алијансата на Албанците и од Беса.

    „Би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да покажеме дека сме одлучувачки фактор во евроатлантскиот процес“, напиша во својот статус Блерим Река кој вели дека близу 80,000 гласови, за само 3 недели во политиката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33,000!)“, напиша во својот статус Блерим Река.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира