ДА САКАВ ДА БЕГАМ, ЌЕ ИЗБЕГАВ, РЕЧЕ ОБВИНЕТИОТ ЗА 27 АПРИЛ ЈАНЕ ЧЕНТО ПРЕД АПЕЛАЦИОНИОТ СУД И ПОНУДИ ГАРАНЦИЈА ОД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ДА БИДЕ ПУШТЕН ОД ПРИТВОР

    ДА САКАВ ДА БЕГАМ, ЌЕ ИЗБЕГАВ, РЕЧЕ ОБВИНЕТИОТ ЗА 27 АПРИЛ ЈАНЕ ЧЕНТО ПРЕД АПЕЛАЦИОНИОТ СУД И ПОНУДИ ГАРАНЦИЈА ОД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ДА БИДЕ ПУШТЕН ОД ПРИТВОРАдвокатот на Ченто се пожали дека повисоко позиционираните двајца пратеници во обвинението за 27 април, а кои понудија многу пониски парични гаранции, судовите ги пуштија да се бранат од слобода. - Од тепањето на Заев и пратениците во прес-салата на Собранието (Фото: СДК.МК)

    Од затворот во Шутка со лисици на седница на Апелациониот суд беше спроведен Јане Ченто, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за време на организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

    Тој понуди парична гаранција од 530 илјади евра за да се брани од слобода.

    „Јас почитуван суде нема да бегам. Бегаат само кукавиците. Нема да побегнам од мојот син. Оваа гаранција ја обезбедија седум семејства, мои роднини пријатели. Јас сигурно нема да им донесам неволја на овие луѓе. Впрочем јас бев пред Шутка еден месец во куќен притвор. Да сакав да бегам, ќе избегав“, рече обвинетиот Ченто.

    Неговиот адвокат кажа дека повисоко позиционираните двајца пратеници во обвинението за 27 април, а кои понудија многу пониски парични гаранции, судовите ги пуштија да се бранат од слобода.

    Судовите деновиве ги ослободија од куќен притвор пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски и Љубен Арнаудов со 400 илјади и со 300 илјади евра понудени гаранции.

    Највисока парична гаранција (600 илјади евра) за да се брани од слобода досега има заложено обвинетиот Митко Чавков, кој прв излезе од притвор.

    Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска треба да одлучи дали ќе на прифати гаранцијата на обвинетиот Крсто Мукоски, кој исто така бара ослободување од куќен притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира