ДА СЕ НАДМИНАТ СТЕРЕОТИПИТЕ И ПОВЕЌЕ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ, КАЖА ПАПАТА ФРАЊО НА ЛИТУРГИЈАТА ВО СКОПЈЕ

    ДА СЕ НАДМИНАТ СТЕРЕОТИПИТЕ И ПОВЕЌЕ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ, КАЖА ПАПАТА ФРАЊО НА ЛИТУРГИЈАТА ВО СКОПЈЕПапата Фрањо од Скопје упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Папато Фрањо на Плоштадот Македонија одржа света литургија на која присуствуваа граѓани од земјава и странство. Папата од Скопје упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето.

    Папата Фрањо пристигнува на Плоштадот Македонија. (Фото: ПУЛ)

    „Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг“, рече папата на литургијата на Плоштад Македонија.

    „Гладни сме за добрина и солидарност. Навикнати сме да го јадеме тврдиот леб на дезинформацијата“, рече тој.

    Папата одржа света литургија во Скопје. (Фото: ПУЛ)

    Скопскиот бискуп и епарх на новата Струмичката епархија монсињор Киро Стојанов, се заблагодари на посетата и најави дека ќе се подигне спомен обележје на апостол Павле во селото Паљурци.

    По литургијата, папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

    ЕКИПА НА СДК.МК

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира