ДА СЕ СТАВАТ ВОН УПОТРЕБА АПАРАТИТЕ ЗА КАФЕ И ВОДА, ВЕЛАТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА

    ДА СЕ СТАВАТ ВОН УПОТРЕБА АПАРАТИТЕ ЗА КАФЕ И ВОДА, ВЕЛАТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНАПреку овие апарати имаат контакт голем број луѓе и со тоа преку допир постои можност од ширење на коронавирусот. (Фото: СДК.МК)

    Од Агенцијата за храна и ветерина бараат апаратите за кафе кои се поставени на јавна површина да се стават вон употреба, а фирмите да не користат апарати за вода. Од таму објаснуваат дека со овие апарати имаат контакт голем број луѓе и со тоа преку допир постои можност од ширење на коронавирусот.

    „Во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице. Препораката се однесува сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира