ДА ВИ НАЦРТАМ АКО НЕ РАЗБИРАТЕ ШТО ЗНАЧИ ИТНА ПОСТАПКА, ГИ ИСКАРА ЏАФЕРИ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА

    ДА ВИ НАЦРТАМ АКО НЕ РАЗБИРАТЕ ШТО ЗНАЧИ ИТНА ПОСТАПКА, ГИ ИСКАРА ЏАФЕРИ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТАВладејачкото мнозинство покажува несериозност и неодговорност со недоаѓање на седница, вели спикерот Талат Џафери. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ги искара пратениците од мнозинството оти не обезбедиле кворум за да се изгласаат измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип пред да почне денешната седница.

    „Изгледа некои од пратениците не ги познаваат процедурите за носење закони по итна постапка. Јас вчера околу 23 часот го доставив предлогот и побарав да се обезбеди кворум. Ви зборам на македонски, не ме разбирате, ако пак зборувам на албански јазик, пак нема да ме разбете. Ако треба ќе ви нацртам за да ме разберете и да обезбедите кворум“, рече Џафери.

    Тој додаде дека со недоаѓањето на седницата, владејачкото мнозинство покажува несериозност и неодговорност и изгледа не ги разбираат што значи носење на закон по итна постапка. Претседателот Талат Џафери ги замоли пратениците на опозицијата да влезат во салата за да се обезбеди кворум за да се гласа за измените на законот.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека ќе почекаат уште малку, па ако не обезбеди власта кворум, опозицијата можеби и ќе направи кворум за да се донесат измените за законот со кој се бара продолжување на рокот на изградба на автопатот Штип-Миладиновци.
    „Не давам пауза оти пратениците биле на комисии. Треба да разберете дека нема да дозволам претседател на Комисија да се става над Собранието. Ако имаат акал пратениците, треба да знааат дека пленарната седница има приоритет пред комисиите“, рече Џафери.

    Поради немање кворум, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ја започна продолжението на седницата на која се расправа за законот за употреба на јазиците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира