ДА ВИДИМЕ ДАЛИ АКТУЕЛНИТЕ ВЛАДИНИ ПАРТНЕРИ ИМААТ ВОЛЈА ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД ДЕЛ ОД СВОЈАТА МОЌ, ВЕЛАТ ОД АЛТЕРНАТИВА ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАСТА

    ДА ВИДИМЕ ДАЛИ АКТУЕЛНИТЕ ВЛАДИНИ ПАРТНЕРИ ИМААТ ВОЛЈА ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД ДЕЛ ОД СВОЈАТА МОЌ, ВЕЛАТ ОД АЛТЕРНАТИВА ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАСТАВкупниот заклучок на Централното претседателство на Алтернатива беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, кажа портпараолот Муртезани. (Фото: фејсбук/принтскрин)

    Опозициската Алтернатива вечерва донесе одлука да го овласти претседателот Африм Гаши да преговара со актуелниот премиер Зоран Заев или евентуално со новиот мандатар за евентуален влез на партијата во власта.

    По вечерашната седница на Централното претседателство на партијата, портпаролот Орхан Муртезани кажа дека пред да ја донесат конечната одлука за влез во власта или отфрлање на таа можност, сакаат да слушнат од актуелните владини партнери каков концепт имаат за излез од кризата и дали имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта.

    „Вкупниот заклучок на Централното претседателство на Алтернатива беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ. Централното претседателство,го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, во случајот со актуелниот премиер и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза. Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за решавање на овој грч, дали има волја за заедничка владина програма и дали има волја во име на овие цели актуелните владини партнери да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта. Отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори, рече Муртезани. Потоа, како што додаде, конечната одлука за влез во Влада или отфрлање на оваа можност ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива, кое ќе биде свикано кога ќе имаме нешто поконкретно“, изјави Муртезани на прес-конференција.

    Вечерва заседава и Централниот одбор на СДСМ, се разговара за оставката на Заев и за евентуалниот влез на Алтернатива во владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира