ДАДОА РЕЗУЛТАТ СИЛНИТЕ СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ И КАЗНИ, ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈКИ ВО МАРТ ЗА 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ

    ДАДОА РЕЗУЛТАТ СИЛНИТЕ СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ И КАЗНИ, ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈКИ ВО МАРТ ЗА 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИВо еден ден сообраќајната полиција казнува стотина возачи кои не пропуштаат пешаци. (Фото:СДК.МК)

    Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од под првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

    Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 28. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, а во март 2021 имало 16, што е бројка дури четири пати поголема од март 2022. На подрачјето на СВР Охрид во март 2022 година нема ниту една жртва, а во март 2021 година имало четири жртви“, ги кажа бројките Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

    Високи се казните и за возачите што не пропуштаат пешаци.

    „Покрај превентивните акции, продолжуваме и со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 83 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин. Во првите три месеци од 2022 година санкционирани се 2.298 возачи кои не дале првенство на минување на пешак, а санкционирани се и 2.784 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила“, вели Ангеловски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира